Додека Заев Заев шета низ Европа по награди во Македонија 40 лица починати од корона. Венко Филипче кој работи само на својот ПР е опериран од одговорност. Филипче за еден ден погреба 40 граѓани, зацрни 40 семејства. На Филипче луѓе му умираат по пат до болница, по ходници во болниците, нема терапија, оние кои можат некако да снајдат, земаат дури и кредити за да одат во приватните болници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче не само што е неодговорен, туку не дава ни одговори. Филипче зошто граѓаните одат во приватни болници, зошто нема терапија во јавните здравствени установи на кому тоа му одговара? Проценката на Филипче дека ќе има две илјади заразени сега стигна до скоро 50 илјади заразени! Бројката на завиени семејства во црно е 1.345. Време е за одговорност! Филипче, оставка веднаш!, посочуваат од партијата.
Comments are closed for this post.