Еден од водачите на терористичката група „Исламска држава“ беше уапсен вчера во грчкиот град Триполи на полуостровот Пелопонез, објави весникот „Вима“, цитиран од ТАСС.
Според изданието, 27-годишниот маж од Таџикистан бил уапсен од грчката полиција врз основа на меѓународна потерница, додава БТА.
Тој доби азил во Грција пред неколку години.
Во потерницата за апсење се наведува дека во 2016 година, уапсениот бил пренесен од Турција во Сирија, каде им се придружил на милитантите на Исламска држава, обучувал и учествувал во борбите во Сирија и Ирак. Документот го опишува Таџикистанецот како еден од најактивните членови на групата.
Comments are closed for this post.