Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, денеска во 15 часот првпат ќе се појави пред судот во Хаг. Еден од основачите и челните луѓе на Ослободителната војска на Косово ОВК ќе се појави пред судот за да биде запознаен со обвинението и ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен или не.

Тој може веднаш да се изјасни за вина или во рок од 30 дена на ново рочиште.

Поранешните офицери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети пред судот во Хаг за најмалку 98 убиства.

Тие се обвинети за злосторства извршени во 34 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998 година до септември 1999 година.

Дел од обвинението се однесува и за т.н „Жолта куќа“ во која хирурзи ваделе органи на Срби донесени од страна на УЧК.

Таа куќа се наоѓа во Албанија и газдата по неколку години ја офарбал во бело за да ги прикрие трагите.Но кога истражители на Хашкиот суд дошле во куќата и загребале на надворешните ѕидови ја забележале жолтата боја.

Поранешен српски затвореник кој во последен момент избегнал да не биде ликвидиран раскажува страшни моменти кои ги видел во озогласената „жолта куќа“во Албанија.

Таму главни екзекутори биле припадниците на УЧК кои ги убивале затворениците за нивните органи да ги продаваат на богати клиенти во Европа.

-Започна првиот рез, отприлика над гркланот на предната страна на градниот кош. „Лекарите“ говореа-гледајте да биде прецизно.Затвореникот почна да вришти кога почнаа да го сечат.Тоа никогаш нема да го заборавам.Ова често го сонувам-раскажува еден од затворениците.

Како главни организатори на нелегалната болница се посочуваа токму сегашните први луѓе на Косово, Харадинај и Тачи како поранешни припадници на УЧК