Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ денеска повторно побара оставка од министерот за здравство Венко Филипче, кој, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев ги сметаат за најголеми виновници за смртта на 1.071 починат пациент од ковид-19 во Македонија.
Во знак на сеќавање на починатите пациенти, ВМРО ДПМНЕ остави 1.071 каранфил пред Владата.
Секојдневната бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19 алармира дека министерот за геноцид Филипче не е способен да ги заштити граѓаните. 12.002 активни случаи од ковид– 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека 1.071 починат не е само бројка, се работи за човечки живот, и затоа побара ведаш оставка од Филипче.
Comments are closed for this post.