Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања истакна дека е потребно формирање на специјална државна комисија која ќе ја менаџира ковид кризата.
Ова барање на опозицијата доаѓа по рекордните бројки на заразени и починати.
Милошоски вели дека ова е потребно од причина што многу поголем авторитет има докторот Никола Пановски за разлика од премиерот Зоран Заев кој дава изјави дека вирусот лебдел.
Јас повторно би кажал дека ја предлагаме специјалната државна комисија за борба против пандемијата бидејќи таквите стручни лица можат да дадат многу подобри мерки отколку политичарите. Ќе земам само една споредба и како човек и како пред некое време пациент од оваа заразна болест но и како пратеник се чувствувам со многу поголема доверба и сигурност кога ги слушам изјавите на Проф. Др Никола Пановски за разлика од тоа кога ги слушам изјавите на премиерот Заев кој што тврди дека вирусот лебдел и дека со секое движење ние го креваме во воздух. Сметам дека такви паушални изјави, несериозни не се потребни во овој момент кога навистина сме загрозени со пандемијата.
Comments are closed for this post.