Амбулантни возила, критични пацинети со Ковид, загрижени членови на смејствата во грч чекаат информации надвор. Ваквата слика од пред Инфективна денска се пресели пред модуларната болница. За многу кусо време хоспитализирни се дури 15 пацинти со Ковид. Ако продолжи овој притисок, неизвесно е дали до крајот на неделата ќе има слободен кревет и таму. Пацинетите со потврден Ковид во паника, јавноста прашува, ќе го издржи ли медицинскиот кадар есенксиот бран на Ковид, кој зема се поголем замав.

Од болниците во внатрешноста најкритично е на југо-истокот. Струмичката остана без ниту еден слободен кревет, а кубури и со медицински кадар. И велешката болница забрзано се полни со пацинети (располага со 54 кревети, 35 од нив се веќе зафатени), но и таму се ситни медицинскиот кадар. Изминатото деноноќие, вирусот зеде 4 нови жртви, а позитивни на Ковид се уште три медицински сестри на инфективното оддление, еден анестезиолог и уште еден вработен.

Драматично и во Куманово. Инфективното оддление се преполни, а во Ковид центар ќе се претвори и психијатриското. Не нозе се кренаа и лекарите во кавадаречката болница. Повеќе не можат да препраќаат пацинети во Велес, па морале да го активираат Ковид оддлението, кое располага само со 14 кревети и може да згрижува единствено пацинети со средно тешка клиничка слика. Најкритичните сега ги препраќаат во Скопје.

Есенскиот бран на Ковид зададе силен удар и во Тетово.  Градот е трет на мапата со најмногу заразени, веднаш зад Струмица. И таму, изминатите две недели има огромен наплив на пацинети, бројките секојдневно се двоцифрени. Од 44 кревети на тетовското инфективното оддление и во Ковид центарот, пополенети се само 21. Најголемиот дел од хопитализираните се со потешка клиничка слика, неколкумина и на кислородна поддршка, но за разлика од другите градови, бројката хоспитализирани е премала во однос бројката новозаразените. Од болницата објаснуваат дека ваквата слика е реузлтат на тоа што огромен број од новите случаи на Ковид имаат или лесни симптоми или се асимптоматски.  Силен е притисокот и врз гостиварската болница. Од 24 кревети на Инфективното одделение, слободни се само три.

Колапсот на дел од болниците во внатрешноста, и напливот на пацинети во Скопје, одново го актуелизираше прашањето, “Дали пред инфективна ќе се врати и монтажната полска болница на армијата“.

Забрзаното пополнување на болничките капацитети ќе биде клучниот фактор за  евнетулано нови рестрилктивни мерки. Министерот Филипче вчера предупреди, ако се преполнат инфективните одделнија низ државата, неизбежно ќе биде воведување на полициски час.