Поднесовме иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, со што побаравме одговорност и разрешување, истакна денеска Владимир Георгиев членот на антикорупциската Комисија, прашан дали добиле одговор од Владата за барањето на Државната комисија за спречување корупција.

Тој информираше дека од Владата добиле одговор дека поради пандемијата не именувала друг директор но и дека не наведуваат дека ќе го разрешат. Од Владата им посочиле дека одговорноста која ја побарала ДКСК е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.
Ние сметаме дека Владата е надлежна, бидејќи според законот за филмска дејност Владата е таа што го именува и го разрешува директорот. Оваа претставка е доставена и до вицепремиерот за корупција и очекуваме да видиме што ќе се случи, истакна Георгиев.