Судскиот процес против членовите на „Златна зора“ продолжи пред Апелациониот суд во Атина.

Започна со кратка изјава на обвинителката Адамантија Економу, која побара да ѝ се дозволи да одговори на критиките упатени кон неа од одбраната.

Економу побара да ѝ биде дозволено да одговори на силните критики упатени кон неа од страна на бранителите, и покрај нејзините препораки судот да ги земе предвид сите олеснителни околности за обвинетите.

Таа во изјавата рече дека адвокатите на одбраната ја нападнале на рочиштето во четвртокот, и покрај нејзините препораки дека на обвинетиот не треба да му се суди за пристапување и водење  криминална организација, пренесува АНА.

Судот продолжи да ги сослушува завршните зборови на адвокатите што застапуваат 65 обвинети лица.

Судот се очекува да ги земе предвид олеснителните околности за обвинетите, по што ќе биде донесена пресуда.

Во средата беше донесена едногласна пресуда, според која седум члена на „Златна зора“ беа виновни за формирање и водење криминална организација под „плашт на политичка партија“, и покрај спротивната препорака на обвинителот.

Околу 50 од 65 обвинети лица беа прогласени за виновни за учество или водење криминална организација.