Шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини, во вторник (29 октомври) ќе организира работна вечера со лидерите од Западен Балкан, дознава агенцијата „Танјуг“ од извори во Брисел.
Работната вечера ќе биде организирана во Брисел и поканети се лидерите на сите шест земји партнери од Западен Балкан, соопштиле од Европската комисија.
Според оваа најава, на средбата би требало да присуствуваат претставници од државниот врв на Албанија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Македонија и Србија.
Comments are closed for this post.