Турската Влада има намера да ја забрани продажбата и увозот на електронски цигари, соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа, јави Анадолија. Предлогот ќе биде доставен до Парламентот.
Претходно, Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во САД пријави „експлозија“ на белодробни заболувања и респираторни заболувања кај корисниците на е-цигари. Центарот сугерираше луѓето да ја разгледаат можноста да престанат да ги користат електронските цигари. Веројатната причина за болеста е масло со витамин Е.
Сепак, не постои консензус на оваа тема и експертите веруваат дека е рано да се извлечат конечни заклучоци.
Comments are closed for this post.