Владата на Србија донесе одлука за формирање Работна група за верификација на единствениот избирачки список.

Како што јави дописникот на МИА од Белгард, задача на Работната група е да ја разгледа можноста и начинот на спроведување на верификација, односно „да ја анализира и провери точноста на единственииот избирачки список.“

Во рамките на работната група, формирани се две подгрупи – подгрупа за статистичка поддршка и подгрупа за правни прашања.

Оваа работна група ќе биде составена од претставници на Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија, претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна администрација и локалната самоуправа и претставници на невладините организации Црта и Цесид.

Улога на набљудувачи ќе ја имаат членовите на Националниот демократски институт-НД1, Канцеларијата за демократски институции и човекови права, Европската мрежа за набудување на изборите – ЕНЕМО и претставници на Меѓународната фондација за изборни системи.