Во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 15 октомври на кој се очекува да биде донесена јасна и суштинска одлука за отворање на пристапните преговори со Македонија, официјална Софија вчера до Скопје испорача предупредување дека бугарската поддршка за нашата земја не треба да биде безусловна.
Разликите во изнесените ставови на претседателот Румен Радев и на премиерот Бојко Борисов е во тајмингот кога да бидат поставени условите – првиот инсистира тоа се направи на самиот почеток од преговарачкиот процес, а вториот дека тоа може да се стори во текот на процесот за време на кој на Бугарија и се располагање 71 инструмент во преговорите по поглавјата.
Бугарските медиуми исто така пишуваат дека Бугарија подготвува национална стратегија за Македонија во која јасно ќе бидат наведени условите кои нашата земја мора да ги ислолни на патот кон ЕУ.
Comments are closed for this post.