Косовската полиција денеска соопшти дека по преземена обемна акција во регионот на Приштина и на Косовска Митровица, уапсила пет лица осомничени за нелегална трговија со оружје.
Сите петмина уапсени во акцијата насловена „Труда“, се државјани на Косово од албанска националност и се на возраст од 38 до 65 години.
По претресот по налог на надлежно Обвинителство на четири куќи во приштинскиот и една во митровичкиот регион, како материјални докази се запленети над 15 парчиња разно огнено оружје, 341 куршум, други видови оружје, неколку мобилни телефони, 6.400 евра и две возила.
По налог на јавен обвинител, на осомничените им е одреден притвор.
Comments are closed for this post.