Забраната за жените во Иран да присуствуваат на фудбалските натпревари е неприфатлива и би требало да биде блокирана, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Првиот човек на ФИФА наведе во соопштението дека нивната позиција е јасна и цврста и дека на жените мора да им биде дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари.
Ваквата забрана во Иран е воведена на сила по револуцијата во 1970 година. Хуманитарните организации како што се Амнести интернешнл и Хјуманс рајтс воч го повикаа фудбалскиот свет да реагира и да стави крај на ваквата забрана.
Објавата на Инфантино следи по неодамнешната смрт на Сахар Кодајари, жена која самата себе си се запали откако и забранија да влезе на стадион во Техеран.
Се надевам дека Иранскиот сојуз и иранските власти ќе ги прифата нашите повторни прозивски за оваа неприфатлива ситуација. Ги контактирав неколку пати во минатото, како и ФИФА аминистрацијата. Имаме делегација во Иран во овој момент и едвај чекам да слушнам убави вести од нив. Разбираме дека е потребно да се преземат одредени чекори пред ова да биде направено како што треба и безбедно, но сега е време работите да се променат и ФИФА очекува позитивен развој почнувајќи од следниот натпревар на Иран на домашен терен во октомври, рече Инфантино.
ФИФА уште во јуни реагирала кај Иранскиот сојуз, а следниот натпревар Иран треба да го одигра против Камбоџа на 10 октомври.
Comments are closed for this post.