Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во интервју за Ројтерс ја повтори заканата дека ќе испрати нов бран бегалци кон Европа, со што го засили притисокот до ЕУ и други земји да дадат поголема помош и да се согласат со барањата на Анкара.
Ердоган рече дека Турција ќе биде приморана да ги пушти сириските бегалци да заминат кон Европа доколку Западот не и даде поголема поддршка во нејзиниот план да создаде безбедносна зона во Сирија каде сака да ги насели бегалците, истакна тој за Ројтерс.
На грчките острови веќе има зголемен број пристигнувања на бегалци и азиланти.
Ако не го прифатите тоа, ние ќе ги отвориме вратите. Нека одат каде сакаат“, изјави тој за бегалците.
Создавањето таканаречена безбедносна зона од 32 километри на северозапад во Сирија би им овозможило на бегалците кои се во Турција да се вратат во нивната татковина. Нив ќе им се овозможи да ги имаат сите услови за образование, здравство. Ќе им се овозможи да живеат во нивната татковина“, рече Ердоган.
Според турскиот претседател, помошта од ЕУ не е доволна затоа што товарот од 3,6 милиони бегалци е претежок за Турција.
Добивме 3 милијарди евра, а ЕУ вети 6 милијарди за да ги подобриме условите за бегалците, но во јуни беа надоместени само 2,22 милиони. Ние до сега потрошивме 40 милијарди евра“, рече Ердоган и додаде дека за тоа прашање зборувал со германската канцеларка Ангела Меркел, со која разговорите ќе ги продолжи месецов во Њујорк.
Comments are closed for this post.