Сѐ уште немаме добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство за да можеме да известиме дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство, соопштија од Специјалното јавно обвинителство, објавено на нивната интернет страница.
Соопштението на СЈО само е уште една потврда за хаотичната ситуација во која се најде не само СЈО туку и предметите кои ги застапува, но и доказите кои ги има. Правни експерти веќе предупредија на можен хаос со судбината на СЈО и предметите, а тој хаос веќе се гледа.
Воедно, во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство. Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството“.
Ова соопштение потврдува дека тимот обвинители не ја смета за валидна наредбата на специјалната обвинителка Јанева предметите СЈО да му ги предаде во надлежност на ЈО.
Недоамна, пак, Jавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспредели до надлежните јавни обвинителства.
Денес, претседателот на Судскиот совет и судија на Врховниот суд, Киро Здравев изјави дека сите предмети отворени од СЈО, независно во која фаза се наоѓаат, треба да добијат соодветна судско-обвинителска завршница.
Тоа што предметите ги презема редовното обвинителство го прави депласирано начелното правно мислење на Врховниот суд“, изјави шефот на Судскиот совет, Киро Здравев.
Според начелното правно мислењето на Врховниот суд, СЈО е неовластен тужител во сите истраги и предистраги за кои до 30 јуни 2017 година не беше поднесен обвинителен акт.
Comments are closed for this post.