Албанската Агенција за контрола на храна забрани влез на 27 тони пилешко месо увезено од Бразил.
При контрола од страна на инспекторите за храна во пристаништето Драч, откако беше констатирано дека е небезбедно за консумирање блокирани се 27 тони пилешко месо со потекло од Бразил, а наменето за албанскиот пазар. Пратката имаше невалиден ветеринарен сертификат, како главен документ за безбедност на производот, соопшти Агенцијата.
Деновиве Агенција за контрола на храна забрани влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, од Канада и од Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупното количество 53 тони беа со крајна дестинација Косово.
Албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така врши и голема контрола во кланиците во Албанија.
Comments are closed for this post.