Во Мексико се пронајдени повеќе од 3 илјади тајни гробници во кои се наоѓаат жртви на војната против дрогата, пишува Гардијан.
Шефицата на Националниот комитет за потрага по исчезнати лица, Карла Квинтана, изјавила дека откако потрагата започнала, на 3025 места пронајдени се 4,874 тела. Потрагата е започната со цел да се помогне на семејствата на исчезнатите жртви од војната против дрогата, а голем број тела се уште не се идентификувани.
Задачата на ова тело е да пронајде 40 илјади исчезнати лица во Мексико.
Ова се податоци од хорор. Но, тука не се работи за бројки. Тука се работи за илјадници луѓе кои си ги бараат членовите на своите семејства, изјави Квинтана.
Откако војската започна војна против организираните групи криминалци во 2006 година дојде до пораст на насилството, а исчезнатите луѓе станаа вообичаена појава.
Од тогаш загинати се повеќе од 200 илјади луѓе, додека бројката на исчезнати се проценува на 40 илјади. Но, овие податоци треба да се земат со резерва со оглед на тоа дека претходните влади не ги признаваат размерите на проблемот.
Comments are closed for this post.