Во напад со нож на југот на Франција, недалеку од Лион, едно лице е убиено, а деветмина се ранети.

Двајца мажи вооружени со ножеви нападнаа луѓе на паркингот на метро станицата Лорен во предградието на Лион. Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачите со ножеви напаѓале случајни минувачи.

Еден од напаѓачите е уапсен, а другиот е во бегство, јавуваат локалните медиуми додавајќи дека силни полициски сили се во потера по напаѓачот.