Власта не треба да брза со импровизирани модели за Законот за јавно обвинителство – дел од правните експерти сметаат дека без консензус и двотретинско мнозинство во Собрание, Законот не е на добар пат.
За планот Б кој го најави министерката за правда Рената Дескоска доколку не се обезбедат пратеничките гласови, професорот Гордан Калајџиев за Канал 5 вели дека владејачкото мнозинство треба да ја бара поддршката од пратениците, а не полесниот пат, од кој ќе произлезат нови проблеми.
-Не ни треба циркус и импровизации, туку сакаме владеење на правото – истакна Калајџиев.
Канал 5 потсетува дека Дескоска вчера најави оти постои и можност СЈО да биде решено преку измени на друг закон кој се носи со обично мнозинство.
За ова Калајџиев вели дека е неопходно правниците да бидат консултирани, без политичка заднина.
Опозицијата обвинува дека власта бара начин да се избегне процедурата каде што е потребна и нивната поддршка. И ВМРО ДПМНЕ и БЕСА најавија амандмани за кои ќе расправаат од утре на комисијата за европски прашања. Најголемиот проблем и понатаму се постапките отворени од Специјалното јавно обвинителство кои се уште се во тек.
Не ни
Comments are closed for this post.