Мега скандалот „Рекет“ е само почеток на откривањето на сето она злосторство кое што е правено врз македонскиот народ, македонската држава и граѓаните на Република Македонија еве веќе трета година по ред од страна на оваа политичка каста, истакна денес Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Малешевијата.

Тој притоа рече дека ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел пред себе да понуди решенија за проблемите на граѓаните, „но вистински честито и тоа е главниот предизвик бидејќи се плашам дека Македонија ќе нема повторно можност и шанса за да опстане доколку и следната влада на Република Македонија ги изневери очекувањата на граѓаните“.

На новинарско прашање што очекувано, од она што го рече министерката Дескоска доколку нема двотретинско мнозинство ќе се прави промена на Законот за јавни обвинители, Мицкоски одговори:

„Јас сум го кажал тоа во минатото, ќе го повторам дека не очекувам од Рената Дескоска ништо ново, освен она што е дел од нејзините прес конференции  и интервјуа кои што ги дава по медиумите, а тоа изразената желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Иако навистина не знам и се чудам на што се должи сето тоа, бидејќи како што знам нејзиното семејство долго време соработуваше со политичките елити од минатото кои што функционираа од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Она со таа нејзина прес конференција наместо да искористи прилика да се извини на граѓаните на Република Македонија поради оние непримерни моменти прегрнувања и непосредности со познатото лице Боки Тредичи да даде неотпвиклива оставка.

Гледаме дека она не само што тоа не го направи туку напротив повикува и на омраза и освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во правосудството не водејќи сметка да направи реформи во обвинителството нејзина единствена цел е како да се најде начин да се пресмета со политичките не истомисленици. За жал како универзитетски професор и како педагог вчера испушти уште една таква можност да се  претстави во вистинско светло пред граѓаните на Република Македонија односно да го стави приоритетот на реформите наместо личната омраза и освета“, пораќа Мицкоски.