Владата на на денешната седница усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното и во високото образование за 5 проценти почнувајќи од исплата за септември 2019 година. Притоа, како што соопштина прес-службата на Владата, го задолжила министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.
Со оваа одлука Владата дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5 проценти, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.
На предлог на Министерството за образование и наука, Владата дала позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар, кое првите генерации ученици ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година.
Comments are closed for this post.