Ангела Меркел заминува на заслужен одмор на Алпите, пишува„ Билд“. Таа има намера да ја гледа и премиерата на операта „Танхојзер“.

Весникот пишува дека Канцеларката има намера да одмора и да ја чита книгата „Жената која трепери“ од писателката Сири Хуствелд.

Случајно или не, канцеларката веќе извесно време се наоѓа во иста состојба и на јавни настапи беше забележана како се тресе иако досега не беше јавно соопштено што е причината.