Мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо влезе во затворот во Коларадо во кој ќе го помине остаткот од живот. Тој се наоѓа во Колорадо  и се вика „Супермакс“, кој е модерен Алкатраз. Се наоѓа меѓу стрмни планини и оттаму никој не побегнал.

Ел Чапо во ќелијата ќе биде затворен 23 часа во денот, а тесниот прозор ќе му гледа во небото. Ќе може да гледа и телевизија, но само религиозни и едукативни програми.