Украинските медиуми објавија дека досега се спречени најмалку четири атентати на претседателот Зеленски.

За неговата безбедност се грижи елтина единица на украинската војска. Тие секогаш се до него без разлика дали дава изјава во неговиот кабинет или пак е на терен. Зеленски носи и заштитен елек.

Панцирот некогаш е дискретно ставен под маслинестата маица а често и се гледа над облеката како што беше случај при посетата во Буча.