Бегалец од Сомалија, кандидат на британски Зелените, поддржувач на каталонска независност моментно во затвор, трансродово лице од Полска, се дел од кандидатите за Европскиот парламент со заедничк црта – сите се „вон габаритот” на просечните еврокандидати.

Варуфакис, кандидат во Берлин
Беше актуелен министер во екот на кризата во Грција кога се бараше од државата драстично штедење во замена за кредити од страна на Европската унија. Четири години подоцна, Јанис Варуфакис е кандидат за европските избори во Берлин.
Денеска 58-годишниот економист, кој беше министер за финансии во владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас,е на врвот на листата на Демократијата во Европа, германската политичка партија, која е дел од DiEM25, транснационално и движење против естаблишментот во кое учествуваше од почетокот на 2016 година.
Анкетите му даваат помалку од 1 отсто шанси, но Варуфакис ја избра Германија поради нејзините поволни изборни регулативи.
Неговата листа се бори за „Зелен Њу дил” и сака транспарентност и телевизиското покривање на состаноци на европските лидери и Европската централна банка, која многу Грци ја сметаат за одговорна за политиката на штедење на задолжената Грција.

Сомалиски бегалец, денес Англичанец и еколошки активист
Роден во Сомалија, 29-годишниот Магид Магид добил азил во Велика Британија кога бил дете и пораснал во сиромашен кварт во индустрискиот град Шефилд во северна Англија.
Британскиот кандидат Магид на Зелените за место во ЕП сака да биде гласот на младите луѓе и бегалците, но изгледите за успех се многу мали.
Во кампањата во Лондон, тој носеше маица со печатен слоган „Immigrants Make Britain Great” (Имигрантите ја прават Велика Британија голема) како парафраза на изборниот слоган на американскиот претседател Доналд Трамп – Да ја направиме Америка повторно голема.
Внимание врз себе привлече во 2017 година, кога трчаше полумаратон во Шефилд маскиран во стебло со што протестираше против политиката за сечење дрвја во градот.

Приврзаник за независна Каталонија, моментално во затвор
Поранешниот каталонски потпретседател Ориол Жункерас, кој во моментов е во притвор и чека судење за поддршка на бунтот против шпанската држава, е лидер на европски провинциски партии за изборите на 26-ти мај и кандидат за претседател на Европската комисија.
Тој може да се кандидира за европски избори, бидејќи се уште не му се судело, а да имаше пресуда против него – би бил дисквалификуван.
Тој 50-годишен поранешен универзитетски професор, кој беше европратеник од 2009 до 2011 година, може да биде осуден на 25 години затвор за неговата улога во обидот за пуч во Каталонија во октомври 2017 година.
Го сметаат за голем ривал на Карлес Пуџдемон за челно место во каталонското движење. Жункерас е во предност затоа што решил да остане во Шпанија, каде што е во затвор, за разлика од Пуџдемон кој побарал засолниште во Белгија и живее во Ватерло близу Брисел.

Трансродово лице од Полска
Ана Гроцка веќе го освои своето место во парламентарната историја на Полска, бидејќи во 2011 година стана прва транссексуална личност избрана како парламентарен претставник во традиционалната католичка земја.
Денес, 65-годишната Гроцка се обидува да добие место за пратеник во европарламентот со листата мали партии на левичарската партија Разем (заедно), иако нејзините изгледи се прилично скромни – таа не е носител на листата, а анкетите предвидуваат малку гласови.
Родена е како момче Кшиштоф, кој, според сопственото признание, брзо сфатил дека не се чувствува добро во своето тело. На возраст од 11 години, во интимен дневник зборува за себеси како за Ана.
Зад себе има брак во кој влегува како Кшиштоф и со својата тогашна сопруга има син. Двојката се развеле во 2007 година, а потоа Гроцка почнал терапија за да стане жена.
Поранешната режисерка и издавач, Гроцка учествуваше во создавањето на Транс-Фузја, фондација која ги советува трансродовите луѓе и го поддржува ЛГБТ движењето.