Британската премиерка Тереза Меј се очекува денеска да го објави датумот за своја оставка, што ќе покрене „трка” за нов лидер, кој најверојатно ќе инсистира на поодлучен договор за брегзит, јавуваат британски медиуми.

По речиси три години мандат како премиер, Меј денеска ќе има состанок со моќната конзервативна група наречена „Комитетот од 1922″, која,може да го постави или отстрани премиерот.

Меј ќе остане на функцијата за време на внатрепартиските избори во Конзервативната партија кои траат околу шест недели.

Изборната трка на конзервативците најверојатно ќе започне на 10 јуни, по посетата на претседателот Доналд Трам на Британија.