Британската  премиерка Тереза Меј објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на владејачката Конзервативна партија на 7 јуни.

Потегот го презема откако не ги убеди пратениците да го поддржат нејзиниот договор за Брегзит.

Направив се што можам за да ги убедам пратениците од парламентот да го поддржат тој договор…За жал, не успеав во тоа. Сега ми е јасно дека во најдобар интерес на државата е новиот премиер да ги предводи тие напори. Затоа, денеска објавувам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија в петок на 7 јуни, изјави таа.

Меј стана премиер во јули 2016 година.