Во несекојдневна сообраќајна несреќа во југозападниот дел на Кина загинале 13 лица, а две се водат како исчезнати, кога автобус излетал во реката Јангцекјанг откако возачот бил нападнат од патничка која ја пропуштила својата станица, објавува кинеската агенција Хшинхуа.

Тепачката помеѓу возачот и патничката довела до тоа автобусот да излета од високиот мост во реката Јангцекјанг, соопшти полицијта.

Полицијата од Чонкинг објави видео снимка од осум секунди на која се гледа расправијата и тепачката на патничката и возачот пред тој да ја изгуби контролата и да удри во автомобил од спротивниот правец, ја пробил оградата од мостот и излетал во реката.