Германската канцеларска Ангела Меркел е во посета на полската престолнина Варшава, по повиците на полските политичари, Германија да исплати стотина милијарди долари отштета за уништените имоти и убиените за време на Втората светска војна.

Според меѓународното право барања за воена отштета застаруваат по 30 години

Полските политичари сметаат дека Германија и должи на Полска 850 милијарди долари, додека Германија тврди дека Полска нема право да бара воена отштета.

Помеѓу Полска и Германија постои јаз, посебно околу противењето на Полска заради изградбата на „Северен тек 2“, односно руско-германскиот гасовод. Полска смета дека гасоводот ќе и даде на Русија преголема контрола во Европа.