Врховниот судија на Венецуела Мајкел Морено побара од провладините пратеници да го отповикаат имунитетот од кривично гонење на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо.

Барањето кое судијата во Врховниот суд го упати претставува преземање на следни чекори во прогонот на Гваидо заради наводни злосторства, пренесува Асошиејтед прес.

Морено побара од Националното уставотворно собрание кое го поддржува претседателот Мадуро да го укине имунитетот кој Гваидо го има како член на Народното собрание на Венецуела.

Врховниот судија Мајкел Морено е политички сојузник на актуелниот претседател Мадуро

Официјални лица лојални на Мадуро претходно изјавија дека Гуаидо е под истрага заради поттикнување насилство над владата и примање на незаконски средства.

Гваидо настојува да го смени претседателот Николас Мадуро со поддршка на САД и околу 50 земји кои го прогласија Мадуро за нелегитимен претседател.