Сенатот на Њујорк, кој е под контрола на демократите, денеска усвои правилник сличен на оној кој го имаат уште седум американски држави, а со кој се зголемува границата за купување на цигари и електронски цигари од 18 на 21 година.

Кога пратениците ќе го потпишат новиот правилник, ваквото правило ќе стапи на сила во рок од 120 дена, пренесуваат американските медиуми.

Во наша моќ е производите од тутун да не стигнат во рацете на младите“, изјави сенаторот од редовите на демократите Ендру Куомо.

Според новиот правилник, ќе биде забранета продажба на цигари на помладите од 21 година, а ваквата мерка веќе важи во седум американски држави и стотина општини, меѓу останатите и во градот Њујорк.