Службениот весник на Шпанија објави нов закон за итните мерки за спречување и сузбивање на корона вирусот, а во кој е наложено заштитните мески да се носат во кој и да е јавен простор без оглед на физичката дистанца.

Досега државните прописи бараа употреба на маска само на отворено, ако не може да се обезбеди растојание меѓу луѓето од еден до еден и пол метар, иако постоеја различни регионални прописи.

Еден од практичните ефекти на новата уредба ќе биде задолжително носење маски на плажи и на базени што беше исклучок во одредени покраини.

Новата рамка подразбира малку промени, на пример, во Каталонија, каде од јули на сила е декрет со кој се воспоставува задолжителна употреба на маска за лице на отворено и во кој и да е затворен простор, без оглед на физичката дистанца. Иако јавните бањи беа исклучок, сега веќе не се.

Доколку дојде до прекршување можно е да се изрече парична казна со 100 евра. Новиот закон подразбира ажурирање на мерките договорени во јуни 2020 година, пишува „Вангардија“.