По вчерашната тешка несреќа на два авиона во германската покраина Мекленбург-Западна Померанија, речиси 300 војници од федералните вооружени сили го пребаруваа теренот, каде што се урнаа леталата.

Тие користеа ноќни визири и моќни проектори.

Околу 14 часот вчера два борбени авиона од типот „Еурофајтер“ се судрија и се разбија, пилотите успеаја да се катапултираат. Еден бил пронајден жив меѓу гранките на дрвјата, а другиот не успеа да преживее.

Преживеаниот пилот бил најден околу 14:45 часот во шумата во близина на селото Носентинер Хуте. На околу 20 метри тој висел на гранка на едно дрво.

-Нашата доброволна противпожарна служба требаше да го спаси со скала, коментира Биргит Курт, градоначалник на селото.

Според полицијата, пилотот веднаш покажал знаци на живот, бил повреден и однесен во болница.

Веднаш по инцидентот, речиси 200 полицајци пристигнаа на езерото Мириц, над кое се судрија авионите. Тие предупредија на опасни остатоци. Денес војската продолжува со потрагата по осатоците на авионите.