Само половина од светското население мисли дека живее во демократија, покажа студијата објавена денеска. Анкетата, која вклучува повеќе од 150.000 луѓе од 57 земји, е
спроведена од германска агенција.

Во Соединетите Американски Држави, 46 отсто од испитаниците веруваат дека нивната земја е демократска, а според 40 проценти таа не е доволно демократска. Повеќе од половина Американци велат дека САД имаат позитивен ефект врз демократијата во целиот свет, но мнозинството од западните земји, како Канада, и повеќето европски држави сметаат дека влијанието е негативно..

Во Европа, 52 отсто сметаат дека ЕУ не работи во интерес на повеќето Европејци. Најкритични се
Италија, Франција и Грција.

Според повеќето Европејци, банките и финансиската индустрија имаат негативен ефект врз
демократијата во нивните земји, а најкритични по ова прашање се Грците.
Над 40 проценти од испитаниците во САД, Канада и Австрија сметаат дека социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Твитер“ се лоши за демократијата.