Во Германија оваа година се родиле 30.000 бебиња на мигранти, покажуваат бројките од прелиминарниот извештај на германските власти.

Затоа, пак, власти предвидуваат намален број барања за азил до крајот на годината.

Германскиот весник Билд го објави извештајот во кој се вели дека до крајот на годината ќе бидат исполнети вкупно околу 166.000 барања за азил.

Бројот на барања за азил е намален во однос на 2017 година кога изнесувал 198.317.

Во Германија во текот на 2015 и 2016 година влегоа повеќе од милион баратели на азил најголем број од Сирија, Ирак и Авганистан. Од тогаш бројот на мигранти е значително намален.