Британскиот министер за образовение, Демијан Хиндс, изјави дека владата не планира повторно одржување референдум за брегзит, а со тоа ги негираше наводите на дел од министрите дека се разгледува можност за такво гласање.

Хиндс за Скај њуз соопшти дека нов референдум би предизвикал поделби.

Народот веќе гласаше, референдум имавме и сега мора да ги спроведеме во дело резултатите од тоа гласање – изјави министерот.

Хиндс го оквалификува како „избалансиран“ договорот за напуштањето што премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ и смета дека пратениците треба да го поддржат.