Најмалку 50 луѓе загинале кога автобус излетал во провалија во јужната индиска сојузна држава Теланган, соопштија локалните власти .
Жртви на несреќата биле верници што се враќале од посета на еден хиндуистички храм, кога возилото, од засега непознати причини излетало од патот.
Во автобусот имало 80 луѓе, а според локаните медиуми, половина од жртвите биле жени.
Сообраќајните несреќи во Индија се редовна појава, а во нив годишно гинат повеќе од 150 илјади луѓе.
Comments are closed for this post.