Новиот тип на дрога, наречен нитазен или „франкенштајн“ се повеќе станува причина за загриженост Овие лекови, кои се создадени да ги имитираат ефектите на опиоидите како хероинот, може да се мешаат со други супстанции за да создадат многу посилни ефекти, често со фатални исходи.

Тие веќе ги одзедоа животите на речиси 50 луѓе низ Велика Британија Нитазените станаа популарни меѓу дилерите на дрога поради очекуваното пресушување на залихите на хероин од Авганистан.Забраната за одгледување на афион од страна на Талибанците доведе до барање алтернативи за продажба на улиците. Фармацевтските компании сè уште не успеале да развијат тестови за откривање на нитазен, што ја отежнува борбата против оваа нова закана.