Владимир Путин тајно потпиша декрет со кој се означува почетокот на масовната потрага по богатства извадени од Русија. Станува збор за царското богатство кое најмногу беше отуѓено по егзекуцијата на семејството Романов, но и недвижностите и уметничките вредности изнесени од Русија за време на СССР.

Указот на Путин издвојува огромни финансиски средства за извршување на потрагата по имот во странство и, се разбира, за поттикнување на постапката за регистрирање на сопственичките права на Русија врз овие средства.

Путин наредил голема потрага по имот, а на функционерите им наредил да пронајдат руски имот што некогаш припаѓал на поранешната Руска империја или бил во сопственост на Советскиот Сојуз.

Династијата Романови владеела со Русија повеќе од 300 години, до револуцијата во 1917 година, и за тоа време тие се здобиле со голема колекција на вредни предмети направени од највештите занаетчии. Меѓу нив има симболи на империјална моќ и јајца од Фаберже, како и разни нараквици и брошеви, на кои европските пратеници и владетели толку многу им се восхитувале што многумина од нив ги спомнале во своите мемоари по посетата на рускиот царски двор.