Во болница во градот Варезе, во регионот Лобардија, на лекување е лице кај кое било утврден првиот случај во Италија на бразилскиот вид на ковид-19.

Доколку бројот на заразени од бразилскиот вид на ковид-19 порасне, неопходно е веднаш да се затвори сѐ, бидејќи вакцината која досега е во употреба не е ефикасна против тој вид на вирусот“, тврди вирологот Андреа Крисанти, директор на одделението за микробиологија на универзитетот во Падова.

Во Италија граѓаните се вакцинираат само со вакцината на Фајзер, американскиот производител кој ја намали испораката на договорени вакцини.