Германскиот министер за здравство Јенс Шпан повика на ограничување на извозот на вакцините произведени во ЕУ.

Шпан за јавниот сервис ЗДФ истакна дека за вакцините, „кои ја напуштаат ЕУ”, треба да се воведе дозвола, за да се знае што се произведува, што ја напушта Европа и ако ја напушта Европа, дали правично се распределуваат.

Во врска со најавеното доцнење во испораката на вакцините на компанијата АстраЗенека, Шпан рече дека сфаќа оти може да има проблеми со сложени процеси како што е производство на вакцини.

Меѓутоа тој истакна дека овој проблем треба фер и рамноправно да влијае врз сите.