Во делови од Венецуела веќе четврти ден нема електрична енергија, а во многу области, вклучувајќи го и Каракас, струја има само од време на време. Тоа создава и проблеми населението да дојде до чиста вода за пиење, а во болниците снемува лекови.
„Регистриравме 15 смртни случаи заради недостаток на дијализа, изјави директорот на Коалиција за право на здравје Кодевида Франциско Валенсија.
Според неговите кажувања, заради прекинот на струја ситуацијата е посебно тешка за пациентите со ослабена работа на бубрегот и на кои им енеопходна дијализа.
Во шест од 23 венецуелски држави се уште нема струја, јавуваат светските агенции.
Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гваидо повика на протести и денеска, односно на општонароден марш на Каракас. Тој и понатаму не исклучува можност за воена интервенција.
„Најавувам турнеа, моја и на сите пратеници, да ве натераме дефинитивно да дојдете во Каракас“, рече Гваидо.
Во државата вчера беа одржани два собири, опозициски и на приврзаниците на претседателот Николас Мадуро.
Во Каракас се судрија опозициските активисти и припадниците на полицијата и армијата, непосредно пред почетокот на собирот против Мадуро
Comments are closed for this post.