Унгарскиот премиер Виктор Орбан, и шефот на европските народни партии (ЕПП) Манфред Вебер денес зад затворени врати разговараат дали владејачката унгарска партија Фидес ќе остане или ќе биде исклучена од редовите на ЕПП.

Весникот Маѓар Немзет пишува дека лидерката на германската ЦДУ Анегрет Крамп-Каренбауер, премиерот на Баварија, Маркус Судер и австрискиот канцелар Себастијан Курц формирале истражувачки комитет кој ќе ја одреди судбината на Фидес во рамки на ЕПП, но операцијата е одложена очекувајќи го резултатот од средбата Орбан-Вебер.

На масда се поставени 3 услови: Орбан да ја запре „владината кампања против Брисел“, да им се извини на другите членки на ЕПП и да обезбеди опстанок на Универзитетот  на Централна Европа (ЦЕУ) кој е поддржан од Џорџ Сорос.

Прашањето е особено тешко затоа што на Вебер му требаат гласови за д абиде избран за шеф на Европската комисија, а оваа криза доаѓа во незгоден момент зашто цела ЕУ се подготвува за едни од најнеизвесните европски избори во мај. Затоа, се смета дека Вебер го намалил остриот тон кој доаѓал од Германија, па се очекува некаков компромис, кој особено би бил прифатлив за тврдите позиции на Фидес.

Сепак, индикативна е изјавата од соседна Романија – почесниот претседател на романските десничари, Трајан Басеску, поранешен претседател на државата, категорично изјавува дека ќе гласа за исклучување на Фидес од ЕПП: Не треба да се потсетува дека во заднината на вакво тврдиот став лежи и прашањето со малцинствотата – унгарското во Романија и романското во Унгарија.