Вашингтон ќе ја ограничи работата со службите во Берлин, ако им биде дозволено на кинеската компанија Хуавеј  да учествува во германската мобилна мрежа од петта генерација (5G). Оваа закана е упатена во писмото од американскиот амбасадор во Германија.

Според амбасадор Ричард Гренел нема како САД да го задржи истото ниво на соработка со разузнавачките агенции во федералната република, ако на Хуавеј или други кинески компании се овозможи да учествуваат во идната 5G мрежа. Во писмото се вели дека компании како телекомуникацискиот гигант Хуавеј може да ги загрозат безбедноста на комуникациските системи потребни за соработка во одбраната и разузнавањето.

Досега забрана да се користи опрема на Хуавеј во 5G мрежите издале властите во САД, Австралија и Нов Зеланд. Во исто време кинеската компанија која според Вашингтон е поврзана со комунистичкото владеење во Пекинг, ја тужи американската влада поради забрана федерални агенции да ги користат нејзините производи.