Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доби и втор негативен тест на коронавирус, по што излезе од карантин, во кој се наоѓа по посетата на Западен Балкан.

Не сум веќе во самоизолација и ги продолжувам своите активности почитувајќи ги здравствените мерки. Останете безбедни, напиша Вархеји на Твитер.

Тој беше во самоизолација по добиената информација дека еден член на неговиот тим, со кој патувал во посета на Западен Балкан, бил позитивен на тестот на ковид-19.