За Урсула фон дер Лајен се изнапишаа од вчера многу текстови, новинарите се потрудиле да извадат се од нејзиниот политички и приватен шкаф. Нормално, таа е номинирана за претседател на Европската комисија. Денес се чини клучни се неколку цртички за нејзниот лик и персонална стамина – дека е таа номинација зад кои стои една Ангела Меркел, една Германија, дека е жена…Многумина денес ќе речат – е, па на сите им олесна. Ова пред се на припадниците на германската одбрана, Бундесверот, каде според „Билд“ војската ќе чести што Урсула си заминува. Зошто? Многу промашувања, слабо менаџирање.

За неа се вели дека е „вундерфрау“, супер жена која едно време се гледаше како наследничка на Меркел, нова канцелар на Германија. Беше пикирана за наследничка на Меркел во ЦДУ, но фон Дер Лајен од необјаснети причини реши да не оди во преден план. Веројатно нејзина стратегија. И, мало објаснување – тоа фон значи дека таа има и аристократско потекло.

Таа е родена во Брисел, зборува француски како мајчин јазик, а нејзиниот татко е познат политичар, бил премиер на Долна Саксонија повеќе од 20 години, што и помогнало да се вивне во политиката. Меркел ја става во нејзинот кабинет во 2005 година, таа е министер за семејство. Супер избор, ако се земе предвид дека е таа мајка на 7 (седум) деца.

Но, во Германија, Урсула е соочена со истраги поврзани со злоупотреба на јавни набавки за одбраната, со развој на аферата која мириса на голема корупцоја. Се чека на исходот/ Има и други афери, како таа за плагијат на докторската дисертација, но тоа не беше докажано.

Некогаш беше меѓу најпопуларните германски политичари, а сега не е во првите 10. Веројатно слабите резултати во Бундесверот си го направија своето.

Но, иако фон Дер Лејен нема искуство со работење во ЕУ, таа сепак е родена во Брисел, и таа има една голема предност – би била првата жена претседател на ЕК.

Уште една мошне интересна работа – таа е кандидат на Германија, а пртиоа Германија да не гласа за неа. Меркел рече дека заради спас на коалцијата со СПД не гласала за Урсула.

Нејзиниот пат за избор сега е отворен, иако е многу неизвесно дали таа ќе го преживее „бунтот во ЕП“. Помалите партии, пред се Зелените не сакаат да гласаат за неа.

Исто така се проблематизира и овој договор зад затворени врати, договор на лидерите за кој се смета дека е пародија на демократскиот избор.

И покрај се Урсула фон дер Лејен (60) е жена подготвена за соочување со предизивиците. Ја има поминато школата на еден Волфганг Шојбле и Меркел, што дава сигрност дека таа е подготвена цврсто да маршира кон Брисел.