Првата жена градоначалничка на Амстердам, Фемке Халсема, денеска го објави планот за промени во прочуената четврт на „Црвените фенери“, јавуваат агенциите. Самите промени ќе бидат едни од најрадикалните откако пред две децении во Холандија беше легализирана проституцијата. Меѓу другото, Халсема предлага да биде прекината праксата сексуалните работнички да седат во простории со излози.

Во интервју за Ројтерс таа го оправда предлогот со настанатите социјални промени. Во прв ред посочи на зголемената трговија со луѓе, како и на се поголемиот број туристи, кои при посетата на овој дел од градот ги користат своите мобилни телефони за фотографирање на жените, а потоа снимките ги објавуваат на социјалните мрежи.

Сметам дека многу од жените, кои работат таму се чувствуваат понижени и изиграни и токму тоа е една од причините за промените, изјави Халсема.