Корисниците на Инстаграм и Фејзбук ширум светот денеска имаа сериозни проблеми со логирањето, споделувањето или пристапот до содржините на овие социјални мрежи.

Кај најголем дел од корисниците на Инстаграм се јавиле проблеми со вчитувањето на фотографиите, а на екранот им се појавувале пораките дека „не е достапен опис за фотографијата“ или „фотографијата можеби содржи храна“. Одредени корисници пријавиле неможност за пристап на сервисот.

Освен со Инстаграм, корисниците имале проблеми и со Фејсбук, поради што на Твитер го искажаа своето незадоволство, нарекувајќи ја компанијата „циркус“.

Пријавени се проблеми и кај апликацијата „Вац ап“.