Унгарската влада денеска соопшти дека нема да направи никаква отстапка за Централноевропскот универзитет, основан од американскиот финансиер Џорџ Сорос, чии правен статус повеќе од година дена е нарушен заради промените во законот за високото образование.
Во Унгарија законот важи за сите, вклучувајќи го Соросовиот универитет, изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач, во интервју кое денеска го објави весникот „Маѓар Хирлап“.
Ковач истакна дека „никој не може да ужива привилегии“, пренесува Ројтерс.
Ако друг странски универзитет може да ги исполни условите изнесени во закон, тогаш и ЦЕУ мора да ги исполни, наместо од тоа да прави политичко прашање, заклучи портаролот на унгарската влада.
Откако пред повеќе од половина година му се закануваше затворање, ЦЕУ потпиша договор со градот Виена да отвори нова испостава во тој град.
Comments are closed for this post.